Содржина

Филмот „Лузери“ е акциона приказна за предавство и одмазда и во него се раскажува се членовите на една елитна специјална единица испратена во боливиските џунгли, со мисија да ја најдат и уништат дадената цел. Но, членовите на тимот - Клеј, Јенсен, Рок, Пуч и Кугар - наскоро дознаваат дека се цел на смртоносна измама која однатре ја скројува еден моќен непријател, познат само како Макс.
Користејќи го фактот дека сега се сметаат за мртви, членовите на тимот тргнуваат во опасна мисија да ги исчистат своите имиња и да му се одмаздат на Макс. Ним им се придружува мистериозната Ајша, прекрасна оперативка со сопствена агенда и со способност да се избори за својата цел. Работејќи заедно кога не се расправаат меѓу себе, тие мора да бидат еден чекор пред моќниот Макс, бескрупулозен човек со желба за сопствена корист да го втурне светот во нова светска војна во која ќе се употребува висока технологија. Ако можат да го победат Макс и истовремено да го спасат светот, тоа ќе биде целосна победа за членовите на тимот кој сега е познат како „Лузери“.

Слики

ЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузериЛузери

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.