Содржина

Кристен Стјуарт и Дакота Фенинг ги играат Џоен Џет и Чери Кари во музичката приказна за созревањето на рок бендот составен од девојки, РАНАВЕЈС.
Со својот имиџ на цврсти девојки и со својот талент, бендот набргу станува славен. Кристен Стјуарт и Дакота Фенинг играат во оваа музичка приказна за тинејџерскиот рок бенд од 1970-те, составен само од девојки: „Ранавејс“. Филмот прикажува две пријателки, Џоен Џет и Чери Кари, во нивното издигнување од бунтовни деца во Јужна Калифорнија до рок ѕвезди на веќе легендарната група која го трасираше патот за идните генерации на бендови со девојки. Џоен и Чери потпаѓаат под влијанието на рок изведувачот, Ким Фаули, кого го игра Мајкл Шенон, кој ја претвора групата во огромен успех и семејство на различни личности. Со својот имиџ на цврсти девојки и со својот талент, бендот набргу се прославува – исто како и неговите две водачки: Џоен е рокенрол срцето на бендот, додека Чери, со својот изглед на Бои-Бардо, е секс мачето во бендот. Во сценарио и режија на Флорија Сигисмонди, филмот ја прикажува турбулентната врска помеѓу Џоен и Чери, на и надвор од сцената, додека бендот почнува да се распаѓа.

Слики

РанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејсРанавејс

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.