Содржина
Сем (Карен Гилан) имала само 12 години кога мајка ѝ Скарлет (Лена Хеди), елитен убиец, била принудена да ја напушти. Сем е одгледана од Фирмата, немилосрден криминален синдикат за кој работела мајка ѝ. Сега, 15 години подоцна, Сем ги следи стапките на мајка ѝ и станува жесток убиец. Таа е ефикасна колку што е лојална. Но кога ризична работа ќе тргне наопаку, Сем мора да избере помеѓу служење на Фирмата и заштита на животот на невино 8-годишно девојче - Емили (Клои Колман). Таа е цел и има само една шанса да преживее: повторно да се обедини со мајка ѝ и нејзините смртоносни соработници: Библиотекарите (Анџела Басет, Мишел Јео и Карла Гугино). Овие три генерации жени ги здружуваат силите во одмаздничка војна против оние кои би можеле да им одземат сè.