СОДРЖИНА
Еден таинствен пингвин, кој е всушност безмилосен криминалец, и еден чифт автоматизирани технопанталони се состојките за овој хумористичен трилер во кој кроткиот Волас станува соучесник на еден смел грабеж на дијаманти.
Анимација на Ник Парк, наградена со „Оскар“. Финансиите се слаби на ул. „Вест Волаби“, па Волас е присилен да прими кираџија. За жал, кираџијата е еден намќорест пингвин, кој излегува дека е и злогласениот криминалец Федерс Мекгро. Кога Мекгро приспособува еден од изумите на Волас (автоматизираните технопантолани) и го присилува да украден еден скапоцен дијамант, Громит пристигнува во спасувачка мисија. Во финалето еден воз минува низ куќата на Волас и Громит додека познатата двојка се обидува да го совлада Федерс еднаш и засекогаш.