Содржина
Тие му ја одзедоа работата и самопочитта. Сè што му останало е куќата што го држи семејството заедно. Денес тие треба да дојдат и по тоа. Немајќи што да загуби, тој одлучува да се спротивстави и да ги држи подалеку по секоја цена. Филмот „Опсада на улицата Липерти“ е поставен среде тампон-зоната на ОН која го дели градот Никозија и ја раскажува приказната за борбата на едно банкротирано семејство да си го задржи домот, без оглед на цената.