Содржина

„Лажна слава“ дава увид во светот на инфлуенсерите во социјалните медиуми преку социјален експеримент. Филмот следи тројца луѓе од Лос Анџелес со релативно малку следбеници и ги истражува нивните обиди да станат славни инфлуенсери.
„Лажна слава“ на ХБО од новинарот ветеран Ник Билтон, ја истражува индустријата на инфлуенсерите во социјалните медиуми преку социјален експеримент. Патувањето на филмот во тој свет е остварено преку избор на тројца луѓе од Лос Анџелес кои имаат релативно малку следбеници и ги истражува нивните обиди да станат славни инфлуенсери. Со најмување лажни следбеници и армија ботови за да се “активираат“ во нивните социјални медиуми, новосоздадените “инфлуенсери“ ги откриваат и добрите и лошите страни на овој необичен и привлечен животен стил. Билтон го истражува основното прашање: Што значат славата и влијанието во дигиталната ера? На социјалните платформи сега има стотици милиони луѓе кои имаат толку многу следбеници што се сметани за нов вид на славни личности. Но дали тие навистина се славни?

Слики

Лажна слава

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.