Содржина
Петмина пријатели во мал град во Германија мора да одлучат дали ќе заминат или ќе останат по завршување на школото. Тие се бараат меѓу себе, бегаат еден од друг додека се бакнуваат и расправаат. Калеидоскоп на насилство, љубов и осаменост.
Изгубени во германската провинција и без некоја голема поддршка, петмина млади создаваат сопствена мала група и живеат според свои правила. Катја, Саша, Бени, Лајла и Шелер – тие се бараат меѓу себе, тие бегаат еден од друг. Тие се бакнуваат, тие се расправаат. Тие се сакаат еден со друг. Интимноста и болката одат рака под рака. Но после зимата, кога тие ќе го завршат средното школо, нивните патишта ќе се разделат. „Голи животни“ раскажува за она време во животот кога секој смета дека може да го освои светот, кога ги прифаќа ударите без да трепне со окото, бидејќи знае дека секогаш има некој што ќе го поддржи. А раскажува и за болката да им се каже збогум на сите без да се знае што следува.