Содржина
Легендите се судираат во „Годзила против Конг“ кога овие митски непријатели се среќаваат во спектакуларна битка додека судбината на светот виси на конец. Конг и неговите заштитници одат на опасно патување за да го најдат неговиот вистински дом, а со нив е Џија, младо девојче сираче со кое тој создал посебна и силна врска. Но тие неочекувано се наоѓаат на патот на побеснетиот Годзила, кој уништува сè пред себе низ целиот свет. Епскиот судир помеѓу двата титани –поттикнат од невидени сили – е само почеток на мистеријата која лежи длабоко во јадрото на Земјата.