Содржина
Во рударската населба во округот Харлан на почетокот на 70-тите години, голем број рударски семејства живеат исклучително тежок и сиромашен живот. Меѓу нив е и Руби Кинкејд (Х. Хантер) која живее со сопругот Силас (Т. Левин) и со болниот татко (В. Робсон). Рударската компанија за која работат ги искористува. Имаат многу ниски плати, а им ја одземаат дури и основната заштита и здравствените услуги. Синдикалниот водач, Ворен Јакопович (С. Скарсгард) започнува штрајк поради лошите мерки за безбедност кои предизвикале два смртни случаи. Руби одлучува некако да му помогне на сопругот и на штрајкувачите и ги организира жените на рударите во жив ѕид, со кој се обидуваат да го спречат поминувањето на штрајкбрејкерите. Филмот е базиран на вистински настан за штрајкот на рударите во државата Кентаки, во кој рударите и нивните жени со тешка мака победиле во борбата за подобри животни услови.