poster

Перси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњата

Percy Jackson & the Olympians: The Lightning Thief (2010)

Акција, Фантазија, Семеен, Авантура | Обединетото Кралство, Канада, САД
Режисер: Chris Columbus

рејтинг: 5.9/10
Оценка на корисникот: 8.4/10
(45 гласови)

Содржина

Проблематичниот Преси Џексон има проблеми во средното училиште, но тоа е неговиот најмал предизвик. Се наоѓаме во 21 век, но боговите од планината Олимп изгледа дека имаат излезено од страниците на книгите за грчка митологија на Перси и имаат влезено во неговиот живот. Перси дознава дека неговиот вистински татко е Посејдон, богот на морето, што значи дека Перси е полубог - половина бог, половина човек. Во исто време, Зевс, кралот на сите богови, го обвинува Перси дека му ја украл молњата... првобитното оружје за масовно уништување. Моќните богови на Олимп се во кавга, што би можело да доведе до војна на целата наша планета. Сега, Перси мора да се подготви за авантурата на неговиот живот, а влоговите не би можеле да бидат поголеми. Додека облаците и бурата надвиснуваат над земјата, а неговиот живот е во опасност, Перси патува во една посебна енклава, наречена Камп Полукрв, каде се обучува да ги користи своите новооткриени моќи и да ја спречи разурнувачката војна помеѓу боговите. Таму, Перси се среќава со два полубога - воинот Анабет, која ја бара својата мајка, божицата Атена; и нејзиниот пријател и заштитник, Гровер, кој всушност е храбар, но неискусен сатир. Гровер и Анабет потоа се придружуваат на Перси на една неверојатна Одисеја низ континентите, која ги води шест стотини ката над Њујорк (порталот за планината Олимп) и во иконскиот знак на Холивуд, кај мајката на Перси, Сели, која Перси мора да ја спаси од длабочините на самиот пекол. Перси Џексон: половина човек. Половина бог. Целосен херој!

Слики

Перси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаFoto: RTL / © 2010 Twentieth Century Fox Film CorporationFoto: RTL / © 2010 Twentieth Century Fox Film CorporationFoto: RTL / © 2010 Twentieth Century Fox Film CorporationFoto: RTL / © 2010 Twentieth Century Fox Film CorporationFoto: RTL / © 2010 Twentieth Century Fox Film CorporationПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаПерси Џексон и Олимпијците: Крадецот на молњатаFoto: RTL / © 2010 Twentieth Century Fox Film Corporation

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.