СОДРЖИНА

Крег Шварц (Џон Кјузак) е на крајот на нервите. Повеќе денови очајниот уличен куклар си оди дома со празни џебови, иако е талентиран и забавен. Неговиот десетгодишен брак со Лот (Камерон Дијаз), која е зависна од својата работа во продавница за домашни миленичиња и буквално си ја носи работата дома, во најмала мера е брак од навика. Тие немаат пари, немаат страст и немаат каде да бегаат.
Без друг излез, вештиот Крег се вработува како канцелариски работник во „Лестер Корп“, која е „мала“ компанија, сместена на седмиот спрат на една деловна зграда во Менхетен. На работа, тој ја сретнува убавата и мистериозна вработена Максин Лунд (Кетрин Кинир) и за Крег тоа е опсесија на прв поглед. Максин сепак не е воопшто заинтересирана.
Депресивниот Крег се повлекува во својата канцеларија. Во еден момент на нервоза, тој ја треснува фиоката од што картичките во неа паѓаат зад фиокерот. Кога го поместува, се открива мала забарикадирана врата. Љубопитно отворајќи ја вратата, Крег вимателно се качува во навидум безопасниот отвор и одеднаш е вовлечен во еден темен и влажен тунел. Потоа блеснува една силна светлина и тој губи контрола. Крег открива портал до внатрешноста на уникатното доживување на Џон Малкович. Тоа нема логика. Нема ни граници. А не е никаква шега. Тоа е само почеток...

Слики

Да си Џон МалковичДа си Џон МалковичДа си Џон МалковичДа си Џон МалковичДа си Џон МалковичДа си Џон МалковичДа си Џон Малкович

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • Смотаниот чевлар (2014)

    image
    Макс Симкин поправа чевли во еден дуќан во Њујорк, кој е во сопственост на неговото семејство повеќе генерации. Незадоволен од својот живот, Макс случајно наидува...
  • 7 работи што треба да ги сторам пред да наполнам 30 (2008)

    image
    Лори е девојка, којашто наскоро ќе наполни 30 години, разочарана дека во животот не постигнала сѐ што си замислувала. Еден ден го наоѓа списокот на животните...
  • Анѓео уништења (1962)

    image
    Након раскошне забаве, гости су на необјашњив начин спречени да оду... И наредних дана сви компликовани изговори и маске које су набацили захваљујуќи свом...
  • Херојот Тото (1991)

    image
    Томас е опседнат со идејата дека бил заменет на раѓање со соседот Алфред кога имало пожар во болницата. Верувајќи дека богатиот Алфред живее како што би требало...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.