Содржина
Ако Сајмон и неговата свита од еден човек, може да контактираат со вистинските луѓе во Вашингтон и ако можат да го сопрат главниот пропагандист на премиерот, Малколм Такер, да сопре со местењето на гласањето во ОН, тогаш можеби можат да ја сопрат војната. 1, Американскиот претседател и премиерот на Обединетото Кралство сакаат војна. Но, не сите се согласуваат дека војната е добра работа. Американскиот генерал, Милер (Џејмс Гандолфини) не мисли така, исто како и британскиот државен секретар за меѓународен развој, Сајмон Фостер (Том Холандер). Но, откако Сајмон случајно поддржува воена интервенција на ТВ, тој одеднаш пронаоѓа многу пријатели во Вашингтон. Ако Сајмон може да се сретне со вистинските луѓе во Вашингтон, ако неговата свита од еден човек (Крис Адисон) може да спие со вистинската стажантка (Ана Клумски) и ако тие двајца можат да го сопрат главниот пропагандист на премиерот, Малколм Такер (Питер Капалди), да го намести галсањето во ОН, тогаш можеби можат да ја сопрат војната. Ако не го сторат тоа... па, секогаш можат да ја отпуштат својата директорка за комуникации, Џуди (Џина Меки), која и онака никогаш не им се има допаѓано и која се наоѓа дома, справувајќи се со гласачите со зачепени одводи и со еден човек кој е лут поради еден ѕид кој паѓа (Стив Куган).