Содржина

Кејти е студентка која ги освојува симпатиите и добива донации од нејзините колеги за време на нејзината битка со ракот. Единствениот проблем е што таа не е навистина болна. Таа глуми дека е болна заради внимание и финансиска добивка.
Умешната танчарка која изгледа како да е родена за сцената, Кејти (Кејси Рол) се покажува еднакво вмешна во повторување на смислената измама, при што ги убедува сите, вклучувајќи ги и оние кои сесрдно собираат пари за неа, дека таа храбро се бори со ракот. Таа веќе е прогласена за локален херој и овековечена како хаштаг, но канцеларијата за стипендии бара од неа да ги приложи автентичните медицински наоди кои ја потврдуваат дијагнозата. Следствено на тоа, нејзината “кула од карти“ започнува да се разнишува додека таа брза да ги собере потребните документи. Дополнително попречување на нејзините махинации преставува постојаното инсистирање на нејзината другарка (Амбер Андерсон) да биде од нејзина страна, а татко ѝ (Мартин Донован) ѝ се заканува дека јавно ќе соопшти дека таа е измамничка.

Слики

Невина лагаНевина лагаНевина лагаНевина лагаНевина лагаНевина лагаНевина лагаНевина лагаНевина лага

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.