poster

Принцезата и жабецот

The Princess and the Frog (2009)

Режисер: Ron Clements, John Musker

рејтинг: 7.1/10
Оценка на корисникот: 8/10
(34 гласови)

Содржина

Волт Дизни Анимејшн Студиос ви го претставува мјузиклот ПРИНЦЕЗАТА И ЖАБЕЦОТ, анимирана комедија што се одвива во Њу Орлеанс. Од творците на „Малата сирена и „Аладин, современа верзија од класична приказна, во која главните ликови се Тијана (АНИКА НОНИ РОУЗ), еден принц-жабец кој очајно сака пак да стане човек и судбоносниот бакнеж што ги води на луда авнатура низ мистичните речни заливи на Луизијана.
ПРИНЦЕЗАТА И ЖАБЕЦОТ го обележува враќањето на рачно-цртаната анимација од почитуваниот тим - Џон Маскер и Рон Клементс, со музика од композиторот Ренди Њуман, добитник на Оскар.
Сите ја знаат приказната во која принцезата наоѓа вистинска љубов кога бакнува жабец што магично се претвора во згоден принц. Во оваа приказна, девојката пак пакнува жабец, но резултатот е сосема спротивен; тоа е само едно од многуте изненадувања во оваа мешавина од чукнат хумор, возбуда, мелодија и емоции. Љубовта, на крај, ќе си го најде патот меѓу принцот и принцезата... Можеби помеѓу жабите... Или, пак, помеѓу светулка и предметот што таа го сака. Но, јасно е дека најважните нешта се под кожата. Во филмот игра најновата принцеза на Дизни, нивната следна голема приказна и враќањето на Студиото на дизниевите мјузикли, слични на класиците како „Убавицата и ѕверот, „Кралот Лав и „Аладин.

Слики

Принцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецотПринцезата и жабецот

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.