Содржина
Филмот ги следи авантурите на сестрата и братот Алиса и Петар кои се трансформираат во Петар Пан и Алиса во Земјата на чудата во обид да им помогнат на родителите да ја надминат трагичната загуба на нивниот најстар син.
Во оваа имагинативна приказна за двата најсакани ликови во литературата – Петар Пан и Алиса во Земјата на чудата – осумгодишната Алиса, нејзиниот палав брат Петар и нивниот брилијантен постар брат Дејвид ѝ се препуштаат на фантазијата едно убаво лето во рурална Англија. Охрабрени од нивните родители Џек и Роуз, децата замислуваат забави, мечувања и пиратски авантури, кои одеднаш се прекинати кога се случува трагедија. Петар, желен да се докаже како херој пред своите натажени и осиромашени родители, патува со Алиса во Лондон, каде што се обидуваат да го продадат наследството. Враќајќи се дома, Алиса бара привремено прибежиште во чудесната зајачка дупка додека Петар трајно бега од реалноста влегувајќи во магичниот свет како водач на “Изгубените момчиња“.