Содржина
Филмот ги разработува темите на љубовта и загубата, осаменоста и семејството и минувањето на времето со архивски снимки од американскиот запад, раскажани со гласот на Брус Спрингстин и со песните од неговиот најнов албум.
„Западни ѕвезди“ е филмска верзија на истоимениот најнов албум на Брус Спрингстин, кој постигна светски успех. Филмот на обожавателите им нуди можност да го видат Спрингстин како ги изведува сите 13 песни од албумот, придружуван од бендот и од целосен оркестар, под катедралниот покрив на неговиот историски амбар, стар речиси 100 години. Првиот студиски албум на Спрингстин по пет години, „Западни ѕвезди“, го означува новиот стил на легендарниот пејач/текстописец, сепак навраќајќи се на неговите корени. Обработувајќи ги темите на љубовта и загубата, осаменоста и семејството, како и неминовното поминување на времето, документарецот ни го претставува американскиот запад преку архивски снимки, раскажани лично од Спрингстин, со песни што ја раскажуваат приказната на „Западни ѕвезди“.