SEASON: 1
Синопсис
Џемре, заедно со својата малечка ќерка, се обидува да побегне од кошмарниот брак во којшто некогаш влегла со љубов... Руја, никогаш не се соочила со горчливата страна на нејзиниот убав живот, полн со привилегии... Чичек е на прагот да го изгуби својот идентитет и својата убавина додека се обидува да започне нов, среќен живот. Овие три жени, чии ликови и приказни се многу различни, ќе се сретнат за време на еден голем и катастрофален пожар. Откако ќе се изгасне пожарот, повеќе ништо нема да биде исто. Нивните патишта водат кон реалниот свет и нивната борба повторно започнува на сите полиња од животот. Деструктивното, злобно и ладнокрвно однесување на Челеби - богат, харизматичен и привилегиран човек, постојано ќе ги следи и ќе им создава проблеми на сејкој чекор.