Приказната на серијата се врти околу Арабела, безгрижна и самоуверена лондончанка со група добри пријатели и со надежна писателска кариера. Кога ќе ѝ стават таблета за силување, таа мора да се преиспита и одново да го изгради својот живот.
Микаела Коел е сценарист и има главна улога во серијата „Можам да те уништам“, која претставува бестрашна, искрена и провокативна драма што го истражува прашањето за сексуална согласност во современиот живот. Приказната се одвива во Лондон и се врти околу Арабела (Коел), безгрижна и самоуверена лондончанка со група добри пријатели, со ново момче од Италија кого го запознала на одмор, како и со надежна писателска кариера. Откако е сексуално нападната во еден ноќен клуб, нејзиниот живот неповратно се менува и Арабела е принудена одново да преиспита сè: нејзината кариера, нејзините пријатели, дури и нејзиното семејство. Додека Арабела се справува со последиците на она што се случило, таа започнува патешествие на себеоткривање. Често болно, понекогаш забавно, тоа води до некои неочекувани места и и контроверзни заклучоци,

Впиши се

TvProfil използва бисквитки, за да осигури по-добро потребителско изживяване и функционалност на сайта. Повече информация за бисквитките можете да намерите тук: Политика за поверителност.