„Опасните моторџии“, продолжение на „Синови на анархијата“, го следи ЕЗ Рејес, штотуку излезен од затвор, кој како нова надеж во мото клубот “Мајанс“ на калифорниско-мексиканската граница го гради својот нов идентитет на одметник.
„Опасните моторџии“ е следното поглавје на сагата „Синови на анархијата“. Езекиел “ЕЗ“ Рејес е штотуку излезен од затвор и е нова надеж во мото клубот “Мајанс“ на калифорниско-мексиканската граница. ЕЗ, талентираниот син на гордото Латино семејство и поранешно златно момче, гледа како неговата потрага по Американскиот сон е засенета од насилството на границата. Соочен со потребата да се избори за нов идентитет во неговото мало гратче, неговата потреба за одмазда го води кон живот за кој никогаш не се стремел и од кој никогаш нема да може да побегне.