Синопсис
Луди авантури и хаотични ситуации на осамениот богаташ Дру Лејтам кога решава да изнајми семејство за Божикните празници.
Се приближува уште еден Божик и осамениот Дру не сака да остане сам за празникот. Тој се присетува на своето детство и на божикната прослава во кругот на семејството, но набрзо наидува на пречка. Во куќата во која живеел како дете не ги пронаоѓа своите родители, туку семејството Валкос. Бидејќи и сега не сака да се откаже од традиционалната Божикна прослава, Дру решава за Божик да го изнајми семејството Валкос, кое за возврат добива вистинско мало богатство. Во моментот кога тие се преиспитуваат дали заради парите мора да го толерираат нечувствителниот гостин кој ќе им го претвори празникот во ноќен кошмар, доаѓа нивната ќерка Алиша која нема намера да го „посвои” новиот брат.