Синопсис
Патување назад во времето на храбрите витези и благородните дела, на волшебниците и неверојатните суштество во волшебната, анимирана легенда за Артур, „Меч во каменот.
Една девојка, која копнее да стане витез и покрај својот пол и противењето на нејзината мајка... Еден згоден самотник чие слепило ги попречило неговите аспирации да живее живот полн со херојски дела... Еден злобен витез, кој го краде мечот на кралот, Екскалибур. Сега, чудната двојка оди во авантура со благослов од волшебникот Мерлин за да го вратат Екскалибур, соочувајќи се со комичен двоглав змеј и со еден злобен орел и спасувајќи една дама во неволја на патот. Па, влезете во прекрасниот свет на мечови и волшепства, музика и добар хумор, во ова музичко прераскажување на една безвремена авантура.