Синопсис
Снимен според еден од највозбудливите романи на Стивен Кинг. Клеј Ридел (Џон Кјузек) е уметник од Мејн кој се подготвува да го прослави склучувањето договор со издавачката куќа. За негова среќа, сопругата и синот остануваат во семејната куќа надвор од градот. Во моментот кога е на пат кон издавачката куќа, некој или нешто преку глобалната мрежа го придвижува таинствениот сигнал наречен „пулс“. Кај сите што ќе се служат со мобилните телефони, непознатиот вирус преку мобилната мрежа ќе предизвика лудило - или ќе ги натера да се убијат. Само малкуте жители кои немаат мобилен телефон, или пак имале среќа да им се испразни батеријата, ќе ја преживеат катастрофата од глобални размери.