Синопсис
Криминалот е во дефанзива кога новооформената Лига на правдата почнува да се грижи за безбедноста на Метрополис, а тоа го прави злобниот гениј Лекс Лутор многу несреќен. Заедно со Црната Манта, Синестро и една цела банда од негативци, Лекс составува сопствена легија и ја нарекува Легија на проколнатите. Сега тој планира заедно со нив да нападне еден таен владин објект наречен „Област 52 со што Лекс можеби конечно ќе постигне победа. Подгответе се за тепачка кога Супермен, Бетмен, Супержена и остатокот од Лигата на правдата ќе се соочат со најголемиот негативец на светот!