Синопсис
Во текот на 50-те и 60-те години од минатиот век Волтер Кин бил еден од најпопуларните сликари на светот, познат по платната од кои тажно гледаат девојки со големи очи. Дека тој не е автор на своите дела веројатно никогаш немало да се дознае доколку неговата сопруга Маргарет не одлучела да проговори во јавност. Битката за вредните дела и за планетарната слава открива и многу валкани поединости кои ги криел нивниот навидум совршен брак.