Синопсис
Далеку од неговиот дом на Арктикот, поларното мече Норм и неговите тројца пријатели ќе завршат во Њујорк, каде ги очекуваат неверојатни авантури. За дрдорливиот мечок Норм едно е јасно: на Арктикот нема место за туристи. Но, кога лудиот градежник ќе реши да гради луксузни апартмани во неговиот двор, Норм ќе го направи она што би го сторила секоја нормална поларна мечка... оди во Њујорк за да го запре. Со помош на лудите леминзи на негова страна, Норм ќе се смести во Големото Јаболко и ќе се обиде да го спаси Арктикот од инвазијата од туристи.