Синопсис
Од непознати причини внатрешното јадро на Земјата престанува да ротира, поради што електромагнетското поле на планетата станува нестабилно. Насекаде низ светот се јавуваат драматични настани и промени. Обидувајќи се да ја решат секојдневно сè поголемата криза, владините и воените официјални претставници го повикуваат геофизичарот Џош Кејс да го предводи тимот најнадарени светски научници на патување со неизвесен исход. Мисијата има јасна задача- да се детонира нуклеарна бомба во јадрото на Земјата и да се спаси човештвото.