Синопсис
Изнеси го ѓубрето, изеди ги броколите - кому му треба мајка? Деветгодишниот Мило (Сет Грин) дознава колку многу му треба мајка му (Џоен Кјусак) кога ја киднапираат Марсовци кои планираат да го украдат нејзиното „мајчинство“ за своите млади. Во продукција на тимот кој ги создаде „Божиќна песна на Дизни“ и „Полар експрес“, „На Марс му требаат мајки“ го прикажува патувањето на кое тргнува Мило за да ја спаси мајка си. Тоа е дива авантура која вклучува криење на вселенски брод, навигирање низ една сложена, повеќеслојна планета и борба со вонземската нација и нивниот водач (Минди Стерлинг). Со помош на технолошки надарениот Земјанин од подземјето по име Грибл (Ден Фоглер) и бунтовната Марсовка по име Ки (Елизабет Хамоа), Мило можеби ќе успее да го најде патот да се врати кај мајка си – на повеќе начини.