Синопсис
Во филмот, бродвејската актерка, Миртл Гордон (Роуландс) вежба за својата најнова драма за жена која не може да си признае дека старее. Кога ќе ја посведочи смртта на еден млад обожавател, таа се соочува со проблемите во својот живот.
Во „Премиера“ на Џон Касавец игра Џина Роуландс (г-ѓа Касавец) во улогата на уморната бродвејска актерка, Миртл Гордон. Таа треба да игра на премиера на драма според сценарио на нејзината стара пријателка, Сара Гуд (Џоен Блондел), но неколку инциденти пред шоуто се закануваат да ја уништат не само продукцијата, туку и разумот на Миртл. Актерката е особено потресена кога еден од нејзините најверни обожаватели умира во несреќа. Соочувајќи се со мрачната реалност, се поставува прашањето колку е значајна реченицата „шоуто мора да продолжи“? Покрај Џина Роуландс играат и ветераните од типот на Бен Газара кој работи во Њујорк и во Холивуд, Зора Ламперт, Пол Стјуарт, Џејмс Карен и неколкумина пријатели и роднини на главните актери.