Синопсис

Од режисерот на „Умри машки 2“ и продуцентот на „Брзина“, ви го претставуваме 12 РУНДИ, во кој главната улога ја игра Џон Кена, како полицискиот детектив од Њу Орлеанс Дени Фишер. Кога Фишер ќе го спречи брилијантниот крадец Мајлс да се извлече со мулти-милионски грабеж, девојката на крадецот е случајно убиена. Откако бега од затвор, криминалниот гениј тргнува да се одмазди, вовлекувајќи го Дени во серија од речиси невозможни гатанки и задачи... 12 РУНДИ... Што Дени мора некако да ги реши и заврши за да ја спаси својата свршеница. Од тестови за интелигензија до сизифовски тестови за издржливост, Мајлс го тера Дени да погодува на слепо на секое следно вртење. Со секоја нова рунда Дени треба да трча низ градот со невидена брзина. Додека Мајлс си игра со Дени, во опасност се и невини граѓани. Автомобилите, трамваите и траектите се претворени во потенцијално оружје за масовно уништување. Со сите овие насилни тестови, еден погрешен потег може да доведе до смртоносен заклучок. За Џон Кена, 12 РУНДИ не е само обична улога. Ова е негово воведување во малубројната група на ѕвезди од акционите филмови. Освен тоа, ликот Дени Фишер е тип на херој што Кена уживал да го гледа, како љубител на тој жанр. „Осумдесеттите беа ера на ’обичните’ херои“, објаснува Кена. „И оттогаш немало таков тип на херој. Момците како Брус Вилис во ’Умри Машки’ докажаа дека и обичен човек може да биде акционен херој. Ако јас некако влегувам во таа група, тогаш одлично сум почнал“.

Снимки

12 рунда12 рунда12 рунда12 рунда12 рунда12 рунда12 рунда12 рунда

Рецензии


Няма отзиви
Препоръки
  • Човек на гнева (2021)

    image
    The plot follows H, a cold and mysterious character working at a cash truck company responsible for moving hundreds of millions of dollars around Los Angeles each...
  • Критичнa точкa (1991)

    image
    Мак. Гинли, Лори Пети, Джеймс Легрос, Киану Рийвс, Том Сайзмор, Патрик Суейзи, Гари Бъзи
  • 80 минути (2008)

    image
    Специално тази вечер Алекс Норт искаше единствено да прекара рождения си ден с приятелката си Мона. Но вместо Мона изведнъж пред вратата му се появява старият му...
  • Eлитен отряд (2001)

    image
    Пет деца преживяват самолетно терористично нападение. От ранно детство те са обучавани да станат елитна антитерористическа група. И когато получават задача да...
Топ списъци

Впиши се

TvProfil използва бисквитки, за да осигури по-добро потребителско изживяване и функционалност на сайта. Повече информация за бисквитките можете да намерите тук: Политика за поверителност.